3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo ќе ја штити електронската пошта од злонамерници

Yahoo ќе ја штити електронската пошта од злонамерници

jahu2

Американскиот интернет гигант „Yahoo“ планира од следната година да направи електронска пошта која ќе биде скоро целосно заштитена од хакери и шпиони, па така ќе го следи примерот на својот конкурент „Google“.

Големите технолошки компании се почесто соработуваат во областа на заштитата од хакерски напади и од контролата на државните тела, особено откако минатата година американскиот шпион Едвард Сноуден откри масовни мерки на контрола кои ги спроведувала Националната безбедносна агенција „NSA“, пишува „WSJ“ (Wall Street Journal).

Поради тоа што Сноуден откри дека Агенцијата за разузнавање илегално влегувала во комуникациите на компаниите „Google“, „Microsoft“ и „Facebook“, па тие одлучиле да го шифрираат интернет сообраќајот, а направиле и мали промени кои значително го отежнуваат масовното собирање на податоци.

„Yahoo“ го промени процесот за испраќање и примање на електронска пошта, па така сега корисниците кои ја употребуваат апликацијата за шифрирање можат да ги запишат пораките во посебно прозорче, па неможе ниту „Yahoo“ да ги прочита, објави „WSJ“.

Од компанијата засега немаат никаков коментар, додека „Google“ најави заштита на електронската пошта.

Двете компании, како што пишува „WSJ“, наведуваат дека корисниците сами ќе одлучуваат за активирањето на функцијата за шифрирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП