5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft во голем минус со таблетите Surface

Microsoft во голем минус со таблетите Surface

mic tab30

Екипата од „Computerworld“, судејќи според извештаите на „Microsoft“, пресметала дека оваа компанија бележи значителни загуби на својот таблет „Surface“. Само во последниот квартал, „Microsoft“ само на таблетите забележа приход од околу 409 милиони долари, меѓутоа во исто време во нив има вложено околу 772 милиони, а тоа дава минус од 363 милиони.

Oд првото појавување на „Surface“ во  2012-та година, сите квартали прикажаа слични резултати според кои трошоците значително ги надминуваат приходите. Се проценува дека „Microsoft“ вкупно во последниве две години на таблетите „Surface“ има загубено околу 1.7 милијарди долари.

Загубата во последните квартали е нешто помала, а во трошоците е пресметан развојот и производството на новиот „Surface Pro 3“ таблет, кој само што започна да се продава.

Поради тоа во „Microsoft“ се надеваат дека новитетите ќе бидат нешто попрофитабилни, затоа што Сатја Недела планира да го реструктуира асортиманот на компанија на начин да ги задржи само оние активности кои носат пари, а производството на хардвер не е една од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП