3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Aston Martin DB9 ќе пристигне во 2016-та година

Наследникот на Aston Martin DB9 ќе пристигне во 2016-та година

aston martin db9

Во „Aston Martin“ подготвуваат наследник на сегашниот модел „DB9“ кој според пишувањата на британските медиуми во продажба ќе се појави во текот на 2016-та година.

Автомобилот покрај новиот изглед ќе добие и целосно нова алуминиумска платформа, „AMG“- 4.0-литарски „twin-turbo V8“ мотор со 503KS, како и ново име. Поточно, ознаката „DB“ нема да се промени, а во компанијата се уште не одлучиле кој број ќе стои покрај споменатата ознака.

Исто така, автомобилот ќе биде значително полесен отколку сегашниот модел, со подобрени перформанси и намалена потрошувачка на гориво и емисија на „CO2“ (зa околку 20 проценти отколку кај сегашниот „DB9“).

Moторот инаку ќе биде поврзан со новиот деветстепен автоматски менувач на „Mercedes“, а за изгледот на автомобилот се вели дека ќе биде повеќе од еволуција од сегашниот модел и ќе изгледа свежо и модерно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП