5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSiri ќе се појави и на компјутери?

Siri ќе се појави и на компјутери?

siri kompjuteri

„Apple“ константно работи на приближување на карактеристиките на своите два оперативни системи. Па за таа цел, „OS X“ добива се повеќе функционалности од „iOS“.

Според последниот патент кој му беше одобрен на „Apple“, се чини дека уште една важна функционалност од „iOS“ ќе заживее на „OS X“, a станува збор за „Siri“.

Оваа функционалност во споменатиот патент е опишана како „интелегентен дигитален асистент во десктоп компјутерите“. Како и на мобилните уреди, „Siri“ и на компјутерите исто така ќе може да разликува гласовни команди, да врши пребарувања и да прави промени во компјутерот.

Засега нема инфромација за тоа кога и дали навистина оваа функционалност ќе се појави на оперативниот систем „OS X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП