3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтартува производството на тристраните AMOLED екрани

Стартува производството на тристраните AMOLED екрани

tristran amoled

„Samsung“ е еден од лидерите во развојот и производството на „OLED“ екрани, а на пазарот веќе се достапни примероци со висока резолуција и оние закривените. Наскоро се очекува на пазарот да пристигнат и тристрани „AMOLED“ екрани.

Станува збор за екрани кои се поставени околу уредот на три страни (предна и двете странични), а ќе бидат изработени во еден дел.

Технологијата за прв пат беше демонстрирана пред повеќе од една година, а представници од „Samsung“ потврдија дека таа е подоготвена за производство. Потенцијаните примени се разновидни, од трајни прикази на информации на страните на уредите, па до интегрирање на контролата на допир.

Нема точна информација за тоа кога оваа технологија ќе може да заживее во готов производ и да се појави на пазарот, но како и да е таа ќе биде вистински хит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП