30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОсумте „најдобри“ копии на iPhone

Осумте „најдобри“ копии на iPhone

kopii iphone

Вчерашната вест дека новиот „iPhone“ ќе се појави на пазарот на 9-ти септември воодушеви многумина. Но, луѓето со послаба платежна моќ кои неможаат да си дозволат да го купат смартфонот на „Apple“, алтернатива често наоѓаат во копиите.

Како што пишува „Hongkiat.com“, само на кинескиот пазар постојат повеќе од 20 копии на „iPhone“, a со својот изглед многу потсетуваат на оргиналот.

Значи треба да се нагласи – само според изгледот!

„Mobile Phone“

Oвој уред со малку чудно име има влез за две „sim“ картички, но во функција е само една.

„iPhon“

Како што „Reebok“ има алтернатива во „Reebook“, така што овој „iPhon“ само наликува на „iPhone 3G“. Но само на изглед.

„iLeaf“

Еден од најлошите клонови кој воопшто изгледа како „iPhone“, a покрај тоа што не е телефон, туку само „mp3 player“.

„TРhone“

Oвој кинески „iPhone“ кога ќе го стартувате ја слушате музиката на „Microsoft“.

„Meizu“

Најновиот смартфон на компанијата „Meizu” се нарекува „miniOne“, a според изгледот релативно потсетува на „iPhone“.

„C-002“

Еден од најдобрите клонови на „iPhone“ кој се продава како „луд“. Отклучен е, па се што треба да сторите е да вметнете картичка. Цената му е 239 долари.

„iPhone Nano“

Овој уред името го добил поради тоа што наликува на „iPhone“, a според големината е сличен на „iPod Nano“.

„CECT P168“

Oвој модел има 3.5-инчен „LCD“ екран, камера од 2 мегапиксели и интегриран „music & video player“ и речник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП