2 мај, 2024

Lenovo Vibe Z2 Pro

lenovo vibe pro

„Lenovo“ конечно го претстави својот фаблет „Vibe Z2 Pro“. Станува збор за уред со 6-инчен „IPS LCD“ екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели што е доволно за густина на приказ од 490 пиксели по инч.

Останатите карактеристики на уредот се дебелина од дури 7.7 милиметри, тежина од 179 грама, а доаѓа со метално куќиште, додека батеријата има 4.000 mAh.

Вграден е 2.5-гигахерцен чип „Snapdragon 801“, 3 GB RAM и камера со резолуција од 16 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата.

Капацитетот од 32 GB на вградената меморија не е во можност да се прошири со оглед на тоа дека уредот нема порт за мемориска картичка, но поддржува истовремено користење на две „SIM“ картички.

Засега цената по која ќе се продава овој фаблет не е објавена, но познато е дека испораката за азискиот пазар ќе започне во текот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП