20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗатишје на патентните војни

Затишје на патентните војни

patentni vojni

„Samsung“ и „Apple“ се согласија да ги прекинат сите патентни дела кои се водат надвор од територијата на САД. Во мислење, цитирано од американските медиуми, јужнокорејската компанија вели: „Samsung“ и „Apple“ се согласија да ги прекинат сите свои дела надвор од САД.

Ќе бидат стопирани побарувањата на двете компании, кои беа донесени во Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Германија, Холандија, Велика Британија, Франција и Италија. „Samsung“ и „Apple“ сепак ќе продолжат да ги водат споровите за прекршување на интелектуална сопственост во САД.

Тоа, сепак, не значи дека двете компании постигнале договор во врска со користењето на лиценци.

Изјавата доаѓа по долги години водење на тешки дела за кршење на интелектуалните права на мобилен дизајн и технологии кои се користат од двете компании. Судските битки на американскиот гигант „Apple“ и јужнокорејскиот „Samsung“, се водат во десетина земји во Азија, Северна Америка и Европа.

Патентните дела во САД, сепак се за највисоки кривични бенефиции. Во мај, оваа година, судската комисија во Калифорнија, го казни „Samsung“ да плати патент надомест на „Apple“ во износ од 119 милионидолари. Истатакомисија сепак, му нареди на „Apple“ да плати 158.000 долари за прекршување на патенти на „Samsung“, кои компанијата ги користела при изработката на смартфоните „iPhone 4“ и „iPhone 5“. Во 2012-та година судиите во Сан Хозе, Калифорнија, рекоа дека „Samsung“ треба да плати надоместок во вредност од 1 милијарда долари на „Apple“. Во одговор на овие дела јужнокорејската компанија поднесе тужба за кршење на два нивни патенти од страна на „Apple“ – првиот е за уредување на дигитални фотографии, а вториот е поврзан со преносот на видео содржини, кој се смета дека е во основата на апликацијата „FaceTime“ на американскиот гигант.

Некои аналитичари предвидуваат дека на крајот двете компании ќе ги „закопаат секирите“ и ќе стигнат до судска спогодба, како што се случува кај други судски спорови во технолошката индустрија. Се гледаат знаци на намалување на тензиите меѓу двете компании, откако во јуни оваа година, „Apple“ и „Samsung“ се согласија да ги стопираат жалбите пред Американската комисија за меѓународна трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП