5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИспораката на таблети забележа пад од 5 проценти

Испораката на таблети забележа пад од 5 проценти

tableti laptopi

Аналитичката компанија „Canalys“ го објави својот извештај за вториот квартал од оваа година кој се однесува за пазарите на десктоп и преносни компјутери, како и пазарот на таблети.

Продажбата на десктоп и преносни компјутери конечно покажува знаци на подобрување. Во текот на вториот квартал испорачани се 123.9 милиони компјутери ширум целиот свет, а пазарот забележа раст од 14 проценти на годишно ниво. Во „Canalys“ истакнуваат дека овој раст ќе може да припадне на намалените цени на преносни компјутери, како и падот на пазарот на таблет уреди.

Во текот на вториот квартал испорачани се 48.4 милиони таблети, што е секвенцијален пад од 5 проценти. Испораката на таблети во Европа бележи пад од 11 отсто на годишно ниво. Во истиот период испорачани се 49.1 милиони преносни компјутери, што значи дека испораката на преносни компјутери за прв пат од третиот квартал од 2013-та година има подобра испорака од таблетите.

Најголемите производители на таблети „Apple“ и „Samsung“ забележаа пад на испораките. „Apple“ во текот на вториот квартал испорача нешто помалку од 13.3 милиони примероци на „iPad“ со што забележа најслаб квартал од првиот квартал во 2012-та година. „Samsung“ испорача 8.9 милиони таблети, со што исто така забележаа пад, но тој е нешто поблаг од оној кај конкурентот од Купертино.

За разлика од водечките две компании, третиот играч на пазарот на таблети, „Lenovo“, бележи раст. Кинеската компанија забележи раст на испораките од скоро 20 проценти на годишно ниво и зазема пазарен уред од 14 проценти со 780.000 помалку испорачани уреди од „Apple“. „HP“ и „Dell“ како четврта и петта компанија на скалата исто така бележат раст во испораките од 11 односно 14 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП