1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајголемата кражба на податоци во историјата!

Најголемата кражба на податоци во историјата!

hakeri rus2

Oколо 1,2 милијарди лозинки и над 500 милиони имејл адреси биле украдени од руска хакерска група, тврди американската компанија за сајбер безбедност „Hold Security“, а пишува „Њујорк Тајмс“.

Компанијата вели дека ова е најголема злоупотреба на податоци, која била откриена досега.

Таа тврди дека украдените информации доаѓале од над 420 илјади интернет страни, вклучувајќи многу лидери во практично сите индустрии во светот.

„Hold Security“ сепак не открива кои точно компании биле погодени од хакерските напади.

„Тие не нападнале само големи компании, туку секој сајт кој нивните жртви го посетиле. Листата со стотици илјади погодени сајтови вклучува многу лидери во практично сите индустрии во светот, но исто така и многу мали и дури и лични сајтови“, открива компанијата.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека експерт за безбедност, кој не бил поврзан со „Hold Security“ ги анализирал податоците за украдените кориснички имиња и лозинки и потврдил дека тие се автентични.

„Hold Security“ нема да ги именува жртвите поради договорите за необјавување и неподготвеност да ги соопшти имињата на компаниите, чии сајтови остануваат ранливи, пишува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП