16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПремиерата на новиот iPhone ќе се случи на 9-ти септември

Премиерата на новиот iPhone ќе се случи на 9-ти септември

apple i 6

„Apple“ планира да ја претстави новата генерација на „iPhone“ на 9-ти септември годинава. Компанијата закажа прес-конференција за медиумите на овој датум, соопштува интернет изданието „Re/Code“.

Иако „Apple“ одбива да коментира за настанот и да не кажува каква ќе биде неговата тематика, но според традицијата токму новиот „iPhone“ ќе е во центарот на вниманието. Обично компанијата ја претставува следната генерација на смартфонот токму во септември.

Оваа година се очекува да бидат претставени две верзии на новиот „iPhone“. Основната разлика помеѓу нив ќе е екранот кој ќе се нуди со 4.7-инчи и 5.5-инчи, со што најголемиот е под знак прашање.

Смартфонот ќе се потпира на нов процесор „A8“ кој повторно ќе биде со 64-бита. Се очекуваат воведувањето на дополнителни функции и можности за сензорот за отпечатоци.

Новата осма генерација на платформата „iOS“, исто така доаѓа со промени. Таа ќе става поголем акцент над дополнителните апликации за здравје, паметните домови и друго.

Во октомври се очекува и втор настан на „Apple“. Тогаш компанијата ќе ја претстави обновената генерација на „iPad“. Дали на некоја од двете прес-конференции „Apple“ ќе го покаже и паметниот часовник „iWatch“, се уште останува непознато. Извршниот директор на компанијата Тим Кук не го крие својот интерес кон најпаметните уреди и додатоци, но истовремено не брза да навлезе на овој пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП