
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими беше двоен стрелец за Марибор на синоќешниот реванш натпревар од 3.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.


Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими беше двоен стрелец за Марибор на синоќешниот реванш натпревар од 3.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Првакот на Словенија Марибор одигра нерешено 2:2 со Макаби Тел Авив и со вкупни 3:2 избори пласман во баражот од ова натпреварување.
Ибраими головите ги постигна во 36.та и 55.та минута, првиот за водство од 1:0, а вториот за изедначување на 2:2.
Покрај Марибор пласман изборија уште екипите на БАТЕ Борисов, Стандард и Лил.
Резултати од сiноќешните натпревари: Макаби Тел Авив – Марибор 2:2 (2:3 вкупно), БАТЕ Борисов – Дебрецин 3:1 (3:2), Панатинаикос – Стандард 1:2 (1:2) и Лил – Грасхоперс 1:1 (3:1).
Вечерва се играат другите реванш натпревари: Зенит – АЕЛ Лимасол (0:1 прв натпревар), АПОЕЛ – ХЈК Хелсинки (2:2), Малме – Спарта Прага (2:4), Шериф – Слован Братислава (1:2), Бешикташ – Феенорд (2:1), Стеауа – Актобе (2:2), Копенхаген – Днипро (0:0), Салцбург –Карабах (1:2), Селтик – Легија (1:4), Динамо Загреб – Алборг (1:0) и Партизан – Лудогорец(0:0).