29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung повеќе не е број 1 во Кина

Samsung повеќе не е број 1 во Кина

South Korea Earns Samsung Electronics

„Samsung“ повеќе не е број 1 во Кина и тоа благодарејќи на компанијата која е малку позната надвор од границите на оваа земја.

„Xiaomi“ од почетокот на 2014-та година дистрибуираше 15 милиони телефони, додека „Samsung“ се најде на второто место со 13.2 милиони единици, судејќи според инстражувањето на компанијата „Canalys“.

Овој извештај напоменува дека бројот на купени телефони на „Samsung“ во Кина опаднал за 15 проценти во текот на последниот квартал и ова е прв пат компанијата да се наоѓа на второто место на пазарот во Кина од 2011-та година.

„Без никакво сомневање, ова можеше да се очекува судејќи според резултатите на компанијата во последниот квартал, меѓутоа ова е само бизнис приказна. „Xiaomi“ исто така спроведе своја стратегија која имаше за цел да го зголемува на бројот на испорачани телефони. Компанијата дистрибуираше интересни уреди по крајно конкурентни цени со поддршка на внимателно смислениот маркетинг“, изјави Јингвен Ванг, аналитичар во компанијата „Canalys“.

Во Кина се наоѓа најголемиот број на корисници на мобилни телефони и таа чини 37 проценти од глобалниот пазар. Покрај успехот на домашен терен, „Xiaomi“ има во план да го прошири своето работење и во други земји, вклучувајќи ги Тајланд, Индонезија, Русија и Турција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП