
Француската компанија „Wiko“ го претстави своето најново „чедо“, смарфонот „Lenny“ кој ќе чини помалку од 100 евра.


Француската компанија „Wiko“ го претстави своето најново „чедо“, смарфонот „Lenny“ кој ќе чини помалку од 100 евра.
„Lenny“, е прозведен во неколку бои, има екран до пет инчи и резолуција од 854×480 пискели.
Во внатрешноста ќе биде сместен процесор од две јадра со 1.3 гигахерци, како и четири гигабајти вградена меморија која може да се прошири преку „microSD“ картичка.

За правење на фотографии и видео снимки, од „Wiko“ се одлучија за објектив од пет мегапиксели на заднатата страна и друг кој ќе биде сместен на предната и ќе биде од 1.3 мегапикели.
Од производителот „Wiko“ на презентацијата прецизираа дека нивниот смартфон ќе функционира на оперативниот систем „Аndroid 4.4 KitKat“ и ќе биде достапен по цена од 99 евра, но датумот кога овој смартфон ќе се појави на пазарот, се уште не е познат.