2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota оваа година ќе ја надмине границата од 10 милиони продадени возила

Toyota оваа година ќе ја надмине границата од 10 милиони продадени возила

toyota koli3

Иако ја намалија претходната прогноза за продажба на возила во 2014-та за 110.000 примероци, јапонскиот производител очекува дека до крајот на годината сепак ќе успее на купувачите ширум светот да им испорача 10 милиони автомобили.

Доколку се реализираат овие предвидувања, „Toyota“ би требала во 2014-та да продаде 10.22 милиони возила, а со тоа ќе стане првиот производител на автомобили во историјата со годишна продажба која ја надминала границата од 10 милиони единици.

Според последните информации, „Toyota“ во периодот од април до јуни на купувачите им испорачала 2.24 милиони автомобили.

Во Јапонија е забележан пад на продажбата од 9.6 отсто, поради зголемувањето на ДДВ-то во оваа земја.

Истовремено, „Toyota“ ги корегираше проценките за Северна Америка, каде наместо претходно планираните 2.6 милиони единици во годишнатата продажба, сега оваа бројка изнесува 2.71 милион автомобили.

Во вториот квартал од 2014-та, „Toyota“ забележа за 5 проценти поголема добивка од очекуваната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП