24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајголемите интернет измами

Најголемите интернет измами

photo_verybig

На интернет тешко е да се дознае што е измама, а што е виситна. Кога некоја таква измама ќе се појави на интернет, таа брзо, како вирус, се шири преку страниците како што се Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб…

Милиони луѓе до сега веќе наседнале и барем накусо се почувствувале како измамени будали. Еве некои од најголемите интернет лаги:

Не се вградени чипови во деца

Светот во многу аспекти можеби изгледа како дистопија, но се уште не сме почнале да вметнуваме чипови во луѓето, па така ни во деца. Приказната за тоа дека училиштата во американската сојузна држава Вајоминг бараат децата да се скенираат е лажна, се работи за сатира. Најблизок виситнски настан до ова се случил во Тексас, каде едно девојче е суспендирано поради тоа што одбило да носи беџ со чипот РФИД, со чија помош можело да се следи дали учениците се на настава. Таа е вратена во одделението, а училиштето се откажа од програмата.

Испратена објава на Фејсбук нема да ги заштити вашите права

На најголемата социјална мрежа луѓето се склони на сешто, од неовластено користење на вашиот лик и име, до психолошко експериментирање со корисниците без знаење и дозвола. Што се даваат на разузнавачките агенции, можеме само да погодуваме. Поради тоа, не чуди тоа што многу меѓу нас сакаат да се заштитат себеси, својата приватност и правата. Меѓутоа, тоа нема да го постигнете со пост во кој ќе полагате право на фотографиите и текстовите што го објавувате. Тие се сопственост на Фејсбук од моментот кога сте почнале да користите профил на таа социјална мрежа. Ако сакате да се ослободите од тоа, избришете ја корисничката сметка на Фејсбук. Ако тоа ви е премногу радикално, можете барем да

испратите меил до Фејсбук и да кажете што мислите за него.

Бил Гејтс нема да ви испрати пари

Ни тој, ни „Мајкрософт“, ни Фејсбук, ниту кој било друг. Ако сте добиле меил, фотографија или порака во која се тврди дека некој ќе ви испрати пари, слободно можете да ги избришете. Лажни се, бидејќи тие уште од 1997 година се појавуваат во разни форми.

Џејми Шеридан не поминала седум години во изолација по бродолом

Приказната за Џејми Шеридан, која наводно поминала седум години во изолација на пуст остров по бродолом е измислена, а фотографијата која кружи со таа лага, е украдена од извештајот на Амнести Интернешенал за Киргистан.

„Самсунг“ не му платил на „Епл“ отштета од милиони долари

Звучи како добра шега и ПР идеја, но не е вистина дека надоместот од милијарда долари, што Судот пред две години му го одреди на јужнокорејскиот џин, „Самсунг’“ на својот партнер и лут ривал од САД, „Епл“ му го исплатил во готово.

Мобилниот телефон нема да ви го испржи мозокот

Можно е да се плашите поради влијание на радијација која ја емитува телефонот, но едно е сигурно, тој уред не произведува доволно топлина ни да свари јајце.

Жена не убила тројца поради видео игри

Жално е што има луѓе кои се во состојба да поверуваат дека жена била толку луда по конзолата за играње Иксбокс, па поради неа избодела тројца купувачи во „Волмарт“. Приказната е сатира, зад која стои „Дејли Кјурент“.

Со мобилен (се уште) не може да отклучите автомобилот

Ако немате соодветна апликација, тогаш можете да притискате на копче на мобилниот телефон до „Судниот ден“, но сепак нема да го отклучите автомобилот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП