21 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед победник на Интернационалниот куп

Манчестер Јунајтед победник на Интернационалниот куп

mnmn

Екипата на Манчестер Јунајтед триумфираше во финалето на Интернационалниот куп што се играше во САД.

Во финалето одиграно ноќеска во Мајами го победија големиот ривал од Премиер лигата Ливерпул со 3:1.

Први во водство дојдоа играчите на Ливерпул со голот од пенал на Стивен Џерард во 14.минута.

„Црвените ѓаволи“ изедначија преку Вејн Руни во 55.минута, а само две минути подоцна Хуан Мата донесе водство за Манчестер Јунајтед од 2:1.

Конечниот резултат во 88.минута го постави Џеси Лингард.

Вејн Руни е прогласен за најдобар играч на турнирот, додека Стеван Јоветиќ од Манчестер Сити е најдобар стрелец со 5 голови.

На турнирот настапија 8 екипи, а минатата година победник беше Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП