2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSurface Pro 3 ќе добие нови процесори

Surface Pro 3 ќе добие нови процесори

surf pro 3 kks

За љубителите на хибридот „Surface Pro 3“ (таблет/преносен компјутер) пристигнуваат добри вести, „Microsoft“ истиот почна да го нуди и во конфигурација со процесорите „Intel Core i3“ и „Core i7“.

Почетниот модел, кој сега претставува најевтин, но и најслаб модел во понудата доаѓа со „Intel Core i3-4020Y“ процесор со такт од 1,5 Ghz и „Intel HD 4200“ графика, т.е. со 64 GB простор за чување на податоци. Цената на овој модел е 799,00 долари. Ако од описот ги изоставиме постоечкот модел со „Core i5“ процесори, следни во редот се моделите со „Core i7“, кои меѓусебно се разликуваат според просторот за чување на податоци, нормално и цената.

Поскапите модели од „Surface Pro 3“ понудата, „Microsoft“ ги опреми со „Intel Core i7-4650U“ процесор со такт од 3,3 Ghz, графика „Intel HD 5000“, како и „Solid State Disk“ со капацитет од 256 GB и 512 GB. Цената поради тоа е доста поголема во однос на почетниот „Core i3“ модел, па овој пат за моделот со 256 GB треба да платите 1.549,00 долари, а за моделот со 512GB, 1.949,00 долари.

Без оглед за кој модел ќе се одлучите димензиите на уредите и неговата тежина е иста – 292,10 x 201,42 x 9,14 милиметри и 0,79 килограми. Исто така сите модели се опремени со 12-инчен екран со резолуција од 2160 x 1440 пиксели, 5 MP камера, стерео звучници, USB 3.0 порт со цела величина, читач за „micro SD“ картичка, „Wi-Fi“ и „Bluetooth“ поддршка и батерија со доволен капацитет за девет часа сурфање.

„Surface Pro 3“ е покриен со едногодишна гаранција и 90 дена корисничка поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП