2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаблетот на Alcatel со 2К резолуција

Таблетот на Alcatel со 2К резолуција

alcatel tablet 8

„Alcatel“ наскоро во продажба ќе треба да го пушти новиот таблет од серијата „OneTouch“. Според гласините кои може да се најдат на интернет, овој уред можеби ќе биде претставен под две различни имиња, едно за азискиот пазар, а другото за европскиот.

Таблетот на азискиот пазар би можел да се нарекува „TCL D802X“, додека на европскиот пазар би бил познат под името „Alcatel OneTouch Hero 8“. Но како и да се нарекува, на крајот најзначајни се спецификациите кои во двата случаи се целосно идентични.

Па така засега е познато дека новиот „D802X/OneTouch Hero 8“ таблет ќе има 8-инчен екран со резолуција од 2560 x 1440 пискели (2K) и „MediaTek“ четиријадрен процесор „MT6595 SoC“ со такт од 1,9 Ghz. Што се однесува до меморијата на таблетот, тој би требало да има вкупно 3 GB RAM и 16 GB интерна меморија за чување на податоците.

Таблетот исто така би требало да ја има најновата верзија на оперативниот систем на „Android“ – „KitKat 4.4.2“. Цената засега се уште не е позната, како и кога споменатиот таблет ќе се најде во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП