26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi значително напредна за една година

Xiaomi значително напредна за една година

 

xiaomi-logo222

Aналитичката компанија „Strategy Analytics“ објави извештај според кој е прикажана промена меѓу најголемите производители на смартфони во светот.

До неодамна на петото место се наоѓаше корејската компанија „LG“, меѓутоа благодарејќи на добрите разултати во текот на вториот квартал од оваа година, тоа место сега му припаѓа на кинески „Xiaomi“. Кога ќе се споредат податоците од истиот квартал од минатата година, видливо е дека „Xiaomi“ остварил значителен раст.

Имено во вториот квартал од 2013-та година, „Xiaomi“ држеше само 1,8% од светскиот пазар, а додека во овој период нивниот удел е зголемен на 5,1%. „LG“ во истиот период забележа пад од 0,3%, oдносно удел од 5,2% колку што имаше во вториот кваратл од 2013-та, а оваа година тој изнесува 4,9%. Покрај незначителната загуба на пазарот и благодарејќи на растот на „Xiaomi“, „LG“ моментално се наоѓа на шестата позиција.

telefoni prodazba 344

Додека „Xiaomi“ моментално е петти производител на смартфони, пред него на третото и четвртото место се наоѓаат „Huawei“ и „Lenovo“ со удел од 6,8% и 5,4%. Ако „Xiaomi“ продолжи да остварува вака добри резултати и во иднина, наскоро би можело да следи нова промена во ова рангирање, нормално повторно во корист на „Xiaomi“.

Првото и второто место на таблета се уште им припаѓаат на недопирливите компании „Samsung“ и „Apple“ кои моментално држат 25,2% и 11,9% од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП