27 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi веќе размислува за 2018-та година

Audi веќе размислува за 2018-та година

audi malo3

Додека помалите производители се мачат да претстават модел за наредната година, големите компании веќе размислуваат за неколку години унапред. Таков е случајот и кај Германците кои веќе прават планови за следните четири години.

Со цел да имаат што поширока палета на автомобили во понудата, како и пред се да заработат повеќе пари, „Audi“ планира да направи автомобил кој ќе ја пополни „дупката“ која настана во „А“ сегментот меѓу моделите „А1“ и „А3“.

Но се поставува прашањето што тоа „Audi“ може да понуди на пазарот што е мало, со врвен квалитет и што може да се продава? Изборот најверојатно ќе биде на модел кој според карактеристиките ќе биде сличен на наследникот на моделот „А2“ кој никогаш не дојде подалеку од концептот.

Сега е многу сериозно да се говори за модел кој ќе ја носи ознаката „Q20“ и кој најверојатно ќе биде хибрид или ќе се движи исклучително на електричен погон. Овој автомобил би требало да биде конкурент на моделот „BMW i3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар