Баерн Минхен е многу блиску до тоа да се засили со уште еден играч на Борусија Дортмунд, пишуваат медиумите во Германија.
Идејата е „баварците“ да го земат крилото на „жолто-црните“, Марко Ројс следното лето за сума од 35 милиони евра. Од минхенскиот гигант веќе упатиле понуда до своите колеги од Дортмунд и во моментов го чекаат нивниот одговор. Сето ова го призна Карл-Хајнц Румениге за „Билд“.
Како што е познато, Ројс одби да го обнови договорот со Борусија и ќе го напушти клубот. Кон него интерес има уште од Барселона и Манчестер Јунајтед.
Многу веројатно е сепак германскиот репрезентативец да ги следи стапките на поранешните соиграчи Марио Гетце и Роберт Левандовски и да премине во редовите на „баварците“.
Баерн Минхен покажуваше интерес за Марко Ројс уште додека тој беше играч на Менхенгладбах, но тогаш тој избра да се врати во родниот клуб и потпиша со Борусија Дортмунд.