2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai го најавува новиот i20

Hyundai го најавува новиот i20

i 20 nov

Иако се уште не е претставен во јавноста, новиот „i20“ веќе влезе во конкуренција за титулата „Автомобил на годината 2015“ во Европа. Неколку дена по номинацијата, „Hyundai“ ни го понуди првиот увид во дизајнот на овој модел.

Иако дизајнерските цртежи на новите модели кои компаниите ги пласираат пред официјалните фотографии не го отсликуваат целосно верниот изглед на автомобилот, очигледно дека втората генерација на „i20“ ќе биде значително помодерна во однос на актуелната верзија.

Корејскиот производител го примени новиот „Fluidic Sculpture 2.0“, стилски јазик кој е претставен на концептот „Intrado“ на женевскиот авто-саем.

Дизајнот на новата генерација го карактеризира издолжената хауба и извајаните страни. Со цел автомобилот во профил да изгледа поелегантно, задните покривни носачи се затемнети.

i 20 nov1

На предниот дел доминира големата шестаголна маска на ладилникот која на краевите има хормирана лајсна. Тесните, издолжени фарови, визуелно се поврзани со некој тесен процеп кој се простира меѓу хаубата и предниот браник, нагласувајќи го спортскиот изглед на автомобилот.

Модерниот дизајн е пренесен и на задниот дел на новиот „i20“, благодарејќи пред се на интересно обликуваните широки стоп светла.

Новиот „Hyundai i20“ е креиран во европскиот дизајнерски центар во Ризелхајм во Германија, а првите фотографии и технички детали за автомобилот ќе бидат објавени пред светската премиера која ќе се одржи во октомври на саемот во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП