3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСлаба продажба на Mini верзиите на премиум смартфоните

Слаба продажба на Mini верзиите на премиум смартфоните

mini uredi

Сите водечки светски производители на мобилни уреди, како што се „Samsung“, „LG“, „HTC“ и „Sony“, претставија „Mini“ верзии на своите водечки паметни телефони.

Но, според информациите кои пристигнуваат од тајванските „IT“ продавачи и добавувачи, таквите уреди не се продаваат во количини кои производителите ги имаат замислено, најверојатно поради лошиот однос на нивната цена и перформанси.

Некои од производителите ги нарекоа своите „Mini“ уреди со различни имиња (пример „LG G3 Beat“ и „Sony Mobile Z1 Compact“), но и тие забележа слаби продажни резултати.

Цените на „Mini“ смартфоните се движат меѓу 400 и 500 долари, додека цените на уредите на помалку познатите кинески производители, но со слични перформанси се движат меѓу 150 и 200 долари.

Слабите резултати на продажбата на „Mini“ уредите ќе ги натера водечките производители да ја променат својата бизнис стратегија. Прв таков пример е одлуката на компанијата „HTC“ во продажба да пушти евтина пластична верзија на својот премуим модел, познат како „HTC One E8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП