ИНТЕРЕСНО

Неизвесен настапот на Надал на УС Опен

usopen

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда на зглобот на раката ќе ги пропушти турнирите во Торонто и Сенсинати, а под знак прашалник е и неговиот настап на УС Опен.

Шпанецот ја повреди раката на тренинг и по консултации со лекарскиот тим одлучено е да направи дваесетдневна пауза.

,,Се повредив, а по направените прегледи во Шпанија донесена е одлука да направам пауза”,
изјави Надал.

Грен слемот УС Опен во Њујорк почнува на 25 август, а претходно се АТП турнирите во Торонто и Сенсинати на кои шпанскиот тенисер нема да ги брани трофеите освоени минатата година.