„Apple“ се уште официјално го нема претставено смартфонот „iPhone 6“, а една компанија веќе прифаќа прелиминарни нарачки за уредот од следната генерација.
„Brikk“, специјализирана за луксузни додатоци, веќе им овозможува на своите клиенти да го нарачаат претстојниот „iPhone 6“. Сепак, нивната понуда не е за било каков да е модел, туку покриен со 24-каратно злато, платина и дијаманти.
Луксузните верзии на „iPhone 6“ ќе бидат во продажба околу еден месец по излегувањето на пазарот на нормалната верзија на смартфонот.
Се проценува дека „Apple“ ќе го претстави „iPhone 6“ во септември оваа година, а на пазарот ќе се продава во две варијанти; една со 4.7-инчен и со 5.5-инчен екран.
Цената на луксузниот „iPhone 6“ е од 4.500 до 8.795 долари, во зависност од модификација.