LG ја зголемува палетата на таблети со новиот уред „LG Tab Book“. Тој беше претставен официјално преку корејската страница на компанијата.
Таблетот е со 11,6-инчен дисплеј со „Full HD“ резолуција. Тој ќе има модел број 11TA740 и практично има идентични спецификации со претходниот модел, кој сепак се потпираше на „Windows 8.1“ за својот оперативен систем.
Во спецификациите се вклучени уште и 4-тата генерација на процесорот „Intel Core i5 4200U“, 4GB RAM меморија, 128GB SSD за складирање на податоци. На располагање е уште слот за „MicroSD“ картичка, а видеообработката е доверена на „Intel HD Graphics 4400“. Таблетот располага со два стандардни USB 3.0 порта, како и стандарден „HDMI“ порт, а тежината на уредот е 1.05 килограм. Компанијата не ги соопшти податоците за капацитетот на батеријата.
Изненадувачки, сепак оперативниот систем е „Android 4.2.2 Jelly Bean“. Оваа верзија на зеленото роботче беше претставена во есента 2012-та година, што е доста време во технолошкиот свет. Особено имајќи предвид дека минатиот месец „Google“ официјално ја претстави новата генерација „Android L“.
„LG“ сепак не ја прецизираше цената и стартувањето на продажбата на таблетот, па може да се очекува, кога тој ќе се појави на пазарот да ја користи поновата верзија на „Android“.