18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Kia Sorento премиера ќе има кон крајот на август (фото+видео)

Новиот Kia Sorento премиера ќе има кон крајот на август (фото+видео)

nov kia sorento

Маскирани тест примероци на новата, трета генерација на „Kiа Sorento“ веќе повеќе пати се снимени за време на тестирањата, потоа се појавија и првите компјутерски цртежи, а сега пред нас е новиот цртеж и видео со кое се најавува овој јужнокорејски „SUV“.

„Sorento“ за 2015-та доби модерен изглед на предниот дел кој го одликува карактеристичната маска на „Kia“, додека во палетата на погонски агрегати најверојатно ќе се најде 2.0-литарски турбо четирицилиндарски мотор, потоа, 3.3-литарски „GDI V6“, како и 2.2-литарски „CRDI“ дизел за Европа.

nov kia sorento1

Исто така се говори и за хибридна верзија која би можела да се комбинира со 2.3-литарски четирицилиндарски бензинец и електромотор од 47 kW.

Новиот „Sorento“ ќе биде подолг од сегашната верзија, со продолжено меѓуосовинско растојание и повеќе место за патниците позади.

Премиерата на новиот „Sorentо“ во Јужна Кореја се очекува на крајот на август, а европјаните ќе можат да го запознаат во октомври на саемот за автомобили во Париз, а северноамериканската премиера ќе се одржи во ноември во Лос Анџелес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП