27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСакате да испраќате пораки на Facebook, тогаш морате да инсталирате Messenger

Сакате да испраќате пораки на Facebook, тогаш морате да инсталирате Messenger

fbmessenger22

Повеќето од нас ја имаат апликацијата „Facebook“ на своите уреди – на добар дел од нив таа е прединсталирана, па така таа ги задоволува потребите поврзани со оваа друштвена мрежа, влучувајќи ги и пораките. Во следните неколку дена, таа можност повеќе нема да ви биде достапна, туку на вашиот екран ќе морате да додадете уште една сина икона и да се преминете на „Messenger“.

Во следните неколку денови корисниците на „Facebook“ преку „Android“и„iOS“ апликациите ќе добијат предупредување да ја превземат апликацијата „Messenger“ и така да можат да продолжат да испраќаат приватни пораки на своите пријатели. Во Европа оваа апликација започна во април, кога дел од корисниците мораа да преминат на „Messenger“ со цел на тестирање на корисничките навики, известува „TechCrunch“, а кога тоа покажа добри резултати, „Facebook“ одлучи да ја прошири таа практика и на останатите корисници.

Преку „Messenger“, корисниците одговараат 20 проценти побрзо, објаснуваат од „Facebook“, a и двете апликации подобро делуваат ако не се водат исти разговори низ двете апликации паралелно.

Ова нема да влијае на корисниците на „Windows Phone“, како и на оние кои на „Facebook“ се приклучуваат преку мобилниот „web“, „iPad“, „feature“ телефоните или десктоп компјутерите.

Иако целата приказна е безмислена две одвоени апликации кои паралелно вршат иста функција, на дел од корисниците нема да им се допадне ова „присила“ на користење две апликации за пристап на основните функции на друштвената мрежа. Можеби „Facebook“ со овој потег сака да осигура дека „Messenger“ нема да ја доживее судбината на „Paper“, кој никогаш навистина не заживеа и се прошири на пошироката публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП