25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ќе претстави нов Surface таблет во октомври

Microsoft ќе претстави нов Surface таблет во октомври

mini surface22222

„Microsoft“ го објави таблетот „Surface Pro 3“ на 20-ти мај, а оваа компанија исто така потврди дека работи на помал модел кој наскоро би можел да биде претставен како нов „Surface Mini“ таблет.

Одредени медиуми сега тврдат дека новиот „Surface“ е во изработка, но дека не станува збор за мини модел. Неименувани извори тврдат дека тоа ќе биде нов 10.6-инчен таблет и дека ќе биде претставен во октомври, додека производството ќе започне веќе следниот месец. Од друга страна, продажбата на овој модел може да почне веќе во ноември.

Што се однесува до карактеристиките на новиот уред, „Microsoft“ работи на тоа тој да биде полесен и потенок, а од нивните извори може да се слушне дека се очекува продажбата да биде подобра од претстојниот модел.

„Surface Mini“ и натаму е голема енигма, затоа што сега „Microsoft“ разгледува таков проект. Ако биде објавен, се очекува тоа да биде 8-инчен уред наменет за учениците и професорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП