28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМумбаи се приклучува кон растечката мрежа на flydubai

Мумбаи се приклучува кон растечката мрежа на flydubai

flydubai Aircraft (4)44

Дубаи, ОАЕ: „flydubai“, со седиште во Дубаи, денес го најави лансирањето на летовите за Мумбаи, зголемувајќи го бројот на дестинации опслужувани од превозникот до Индија на вкупно 7 со 25 лета неделно.

„flydubai“ во јуни двојно ја прошири својата мрежа во Индија со летовите за Делхи, Кочи и Тривандрум. Новите летови се резултат на проширените билатерални договори што во последните 12 месеци ги потпиша Индија со Дубаи.

Почнувајќи од 28 октомври 2014 година, „flydubai“ ќе оперира со пет директни летови неделно меѓу Интернационалниот аеродром во Дубаи Терминал 2 и Чатрапти Шиваџи, Интернационалниот аеродром во Мумбаи, додека истовремено ја зголемува фреквентноста на летовите за Делхи на пет неделно.

Коментирајќи ја веста, Главниот извршен директор на „flydubai“, Гаит Ал Гаит изјави: „Индија и Обединетите Арапски Емирати делат блиски релации низ историјата и се динамични трговски партнери. Возбудени сме што и понатаму придонесуваме за дополнителен раст на патувачкиот и трговскиот сегмент преку лансирањето на нашите летови за Мумбаи.“

Според извештаите издадени од Генералниот Конзулат на Индија, трговската размена меѓу Индија и ОАЕ во 1970-та е проценета на 180 милиони американски долари годишно, а денес е процената на повеќе од 44 милијарди УСА долари, со што ОАЕ стануваа еден од најголемите трговски партнери на Индија.

Судхир Средхаран, Постар заменик комерцијален претседател (Голфските земји, Субконтинентот, Африка) за „flydubai“ изјави: „Среќни сме што го гледаме напредокот направен оваа година кон зајакнување на трговските, патувачките и туристичките врски меѓу Дубаи и Индија со зголемување на капацитетите меѓу овие пазари. Летовите на „flydubai“ за Мумбаи, Делхи и пет други дестинации на овој пазар ќе овозможат повеќе опции за патниците од Индија да се поврзат преку ефикасниот авијациски центар на Дубаи до другите дестинации од нашата мрежа. Нашата неодамна лансирана бизнис класа сега е достапна на сите наши нови дестинации за Индија, Делхи, Кочи, Мумбаи и Тривандрум.“

Со додавањето на Мумбаи, „flydubai“ изгради мрежа од 76 дестинации во 37 земји.

Авиопревозникот поседува флота од 38 авиони и оперира повеќе од 1100 летови неделно во радиус од пет и пол часа од Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП