25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНово комплетно бизнис-решение од „Близу“ и „НетБит“

Ново комплетно бизнис-решение од „Близу“ и „НетБит“

bliz

Телекомуникацискиот оператор и Нет.Бит.Датацентар промовираа нова бизнис- понуда за веб-хостинг и виртуелен приватен сервер, која драстично ги намалува компаниските трошоци

Од денес, телекомуникацискиот оператор „Близу“ и  Нет.Бит.Датацентар склучија договор за соработка и ја пласираа новата бизнис-понуда на македонскиот пазар. Станува збор за услугите веб- хостинг и виртуелен приватен сервер, наменети за сите компании независно од нивната големина и дејност. Благодарение на оваа соработка, отсега корисниците нема да имаат потреба од какви било инвестиции во сопствена ИТ-опрема, ниту пак трошоци за одржување, истовремено одржувајќи ги безбедноста и достапноста на услугите на највисоко ниво. Со ова соработка, на компаниите им се нуди единствена можност за подобрување на својот бизнис, зголемување на конкурентноста и  намалување на компаниските трошоци.

„Зголемувањето на конкурентоста во одделот на бизнис-корисниците и интеграцијата на сите бизнис-услуги во еден систем е од исклучителна важност за Близу. Со оваа соработка го означуваме почетокот на процес од кој користа директно ќе ја почувствуваат македонските компании“, изјави Кирил Трендафилов, извршен директор на „Близу“.

datacentar-blizoo

„Нет.Бит.Датацентар испорачува услуги за деловни клиенти уште од 2008 година, главно за банки, финансиски друштва и поголеми компании. Сега со овој договор очекуваме преку широката и квалитетна мрежа на Близу нашите услуги да станат достапни за уште поголем број деловни клиенти. Користењето на пакетите за датацентар-услуги ќе им овозможи на фирмите да станат поконкурентни и прилагодливи кон современите технологии на подостапен и поедноставен начин“ – изјави Георги Милев, извршен директор на Нет.Бит.

Услугите виртуелен приватен сервер и веб хостинг-услугите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на „Близу“, во различни пакети, во зависност од потребите на компаниите.

„Близу“ е водечки телекомуникациски оператор кој е дел од Групацијата Австрија телеком. „Близу“ со технологијата „Fiber Power“, изградена врз основа на национален оптички прстен со капацитет од 3,2 Tbps, овозможува најповолни услови зa бизнис-услуги,  како и брзини до 2 Gbps до своите крајни бизнис-корисници.

Нет.Бит.Датацентар работи од 2008 година и го користат банки, финансиски институции и други поголеми организации како примарен ИТ-центар, резервна локација за критични операции, резервно зачувување податоци, колокација на опрема итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП