29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбраими стрелец во победата на Марибор за трето квалификациско коло во ЛШ

Ибраими стрелец во победата на Марибор за трето квалификациско коло во ЛШ

N

Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими го постигна вториот гол во победата на неговиот клуб Марибор против босанскиот првак Зрињски.

Со оваа победа словенечкиот тим обезбеди трето коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Ибраими на синоќешниот натпревар погоди од пенал во 57.минута, а претходно (45.минута) Вршич им донесе водство на Словенците.

На првиот дуел во Мостар резултатот беше нерешен 0:0.

Македонскиот претставник во ова натпреварување, екипата на Работнички не успеа да го помине 2.коло. Со Хелсинки дома играше 0:0, а на гости загуби со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП