29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвата фотографија и спецификациите на Xiaomi Mi4

Првата фотографија и спецификациите на Xiaomi Mi4

xiaomi mi 3 nov

Се појавија првите фотографии, како и соодветните спецификации за новиот телефон на кинеската компанија „Xiaomi“.

Станува збор за моделот „Xiaomi Mi4“, наследникот на популарниот модел „Mi3“ кој е пуштен во продажба на крајот на минатата година.

„Xiaomi Mi4“ најверојатно ќе има 5.5 инчен екран со 2К резолуција (2560 x 1440 пиксели) со густина на пиксели од 538 пиксели по инч. Внатре во уредот ќе се наоѓа процесорот „Qualcomm Snapdragon 805“ со такт од 2,5 GHz, најновиот графички процесор „Adreno 420“, т.е. 3 GB работна меморија кои се потребни за работа на екранот со 2К резолуција.

На корисниците исто така на располагање ќе им биде 32 GB внатрешна меморија за складирање на податоците, задна камера од 16 мегапикели, предна од 5 мегапиксели, поддршка за „LTE“ мрежата и батерија со моќност 3200 mAh.

„Mi4“ ќе доаѓа со оперативниот систем „Android 4.4 KitKat“ над кој ќе се наоѓа петтата генерација на корисничкиот интерфејс на „Xiaomi MIUI“ (првиот во целост прилагоден за „Android KitKat“).

Цената на уредот би требало да биде околу 499 долари, но тоа се уште не е потврдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП