29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто е тоа екслузивитет во автомобилската индустрија?

Што е тоа екслузивитет во автомобилската индустрија?

eksluzivitet0202

При купување на автомобил, богатите клиенти очекуваат покрај врвно возило за своите пари да добијат нешто што се нарекува ексклузивитет. Тоа се мери со цената на автомобилот, но и со бројот на произведените возила. Поради тоа многу производители најскапите модели ги изработуваат во ограничена серија, иако би можеле да продадат и многу повеќе примероци.

Така на пример, „McLaren“ одлучи производството на својот „P1“, кој чини милион евра да го ограничи на 375 автомобили.

Со „LaFerrari“, чиј цена е околу 1.3 милиони долари, ќе можат да се пофалат само 499 сопственици, додека „Porsche“ ќе изработи симболични 918 примероци од моделот „918 Spyder“.

„Ferrari“ отиде и чекор понатаму. Со цел да го зачува екслузивитетот на брандот, одлучи целото годишно производство на сите модели од својата понуда да го ограничи на 7.000 примероци.

Уште еден италијански производител чии автомобили носат многу престиж меѓу сопствениците има намера да направи нешто слично. Еден од челниците на „Maserati“, Умберто Мариа Чини, најави дека оваа компанија во иднина нема да продава повеќе од 75.000 автомобили годишно, па така да ја задржат ексклузивноста.

И додека за „Ferrari“ постои побарувачка која ги надминува зацртаните 7.000 автомобили, „Maserati“ се уште е далеку од споменатиот број. Дали било какво ограничување на производство воопшто има смисла, па затоа ќе биде потребно оваа компанија прво да ги достигне амбициозните цели кои самата си ги наметна.

Италијанците се надеваат дека веќе во 2015-та година ќе успеаат да продадат 50.000 возила, а во 2018-та и сите 75.000. Според официјалните податоци, „Maserati“ во 2013-та на купувачите ширум светот им испорача 15.400 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП