Македонската ракометна репрезентација вечерва ги доби противниците за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи следната година.
Противници на Македонија во Б-групата ќе бидат Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и Иран.
Составот на другите три групи е:
А-група: Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил и Чиле.
Ц-група: Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Д-група: Данска, Полска, Русија, Аргентина, Бахреин и Германија.
Македонија пред почетокот на жрепката се наоѓаше во третиот „шешир“.
Како и што посакуваа во нашиот табор избегната е Германија од шестиот, а добиена е БиХ од вториот „шешир“.