„Facebook“ објави нова мобилна апликација наменета исклучително за познатите и славни личности. Апликацијата која се нарекува „Facebook Mentions“ можат да ја користат само корисници со проверени сметки, пишува „The Verge“.
Таа е прилагодена за оние кои се доста активни и споменувани на „Facebook“, a вклучува и опција за директен контакт со фановите.
„Mentions“ моментално е достапна само за оперативниот систем на „Apple“ – „iOS“, a се уште не се споменува верзијата за „Android“.
Апликацијата е на располагање само на официјалните страници на познатите лица во САД, но не и на личните профили.
„Facebook“ најавува дека апликацијата во наредните месеци ќе биде достапна и за приватните потврдени профили, т.е. за корисниците во останатите земји.