8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледнете што ќе го замени компјутерското глувче (видео)

Погледнете што ќе го замени компјутерското глувче (видео)

gluvce2992

Секој ден се појавуваат се повеќе новитети кои ни овозможуваат компјутерот да го контролираме без користење на глувче.

Новата компанија „Thalmic Labs“ би можела наскоро да претстави уред кој ќе се нарекува „Myo“. Станува збор за „лента за на рака“ која ќе ги следи сите наши движења и ќе ги претвора во команди на компјутерот, нешто слично што го прави глувчето.

Иако ваквата технологија не е ништо ново, тоа што ќе го разликува овој уред од другите е што не поседува камера која ги следи движењата.

„Ние ја градиме интеракцијата меѓу човекот и компјутерот. Многу сме возбудени од тоа како новиот компјутерски интерфејс ќе ги обликува нашите животи. За нас, „Myo“ е првиот чекор кон таа цел, а тоа сигурно ќе биде многу долг пат“, изјави портпаролот на компанијата „Thalmic Labs“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП