„Beats“ стана многу силен играч во сегментот на премиум слушалки, па поради тоа „Apple“ мораше да ги купи. Нормално, „Samsung“ има одговор за секој потег на „Apple“, па така има и за овој, тие преставија свои премиум слушалки.
Станува збор за линијата на слушалки „Level“, моментално достапни само во САД. „Samsung“ ги покри сите категории на слушалки со три модели – „over-ear“, „on-ear“ и „in-ear“, a во истата линија претставен е и „Bluetooth“ звучник.
Моделот „Level Over“ има активно намалување на позадинската бучава, „Bluetooth“ конекција и „NFC“ поврзаност со уредите. Предложената малопродажна цена за САД изнесува 350 долари.
„Level On“ се преклопуваат и се нешто помали, немаат „Bluetooth“, a „Samsung“ ветува силен и чист звук.
Моделот „Level In“ чини 150 долари, а звучникот „Level Box“ 170 долари.