
„LG“ официјално го претстави „G3 Beat“, верзија на уред од средна класа на својот водечки смартфон „G3“.


„LG“ официјално го претстави „G3 Beat“, верзија на уред од средна класа на својот водечки смартфон „G3“.
„LG G3 Beat“ се одликува со 5-инчен екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели (294 PPI), како и „Android 4.4.2 KitKat“ платформа.
Што се однесува до хардверот, тука е процесорот „quad-core Qualcomm Snapdragon 400“ со такт од 1,2 GHz, 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија со слот за „microSD“ картичка, камера од 8 мегапиксели покрај која од едната страна е „LED“ блиц, а од другата специјален ласер кој го мери растојанието и го забрзува автофокусот.
Овој уред ќе користи батерија од 2540mAh. „G3 Beat“, што се однесува до поврзувањето, вклучува „Wi-Fi b/g/n“, „Bluetooth 4.0“, „A-GPS“ со „Glonass“ и „NFC“. Дебелината на уредот е од 10,3 mm, а неговата тежина изнесува 134 грама.
„LG G3 Beat“ ќе дебитира утре во Јужна Кореја, а во Европа се очекува да пристигне во наредните недели.