24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle вработува хакери да го поправат Интернетот

Google вработува хакери да го поправат Интернетот

google hakeri

Тажната вистина е дека интернетот е далеку од сигурен. Доказ за тоа се сериозните нарушувања на безбедноста, како „Heartbleed“ на пример.

„Google“ е меѓу компаниите за кои добрата состојба на глобалната мрежа е од огромно значење, бидејќи без неа нема да ги има и нив. Затоа интернет гигантот најмил група хакери кои ќе бидат дел од т.н. „Project Zero“.

Целта на овој проект е да се откриваат сериозни проблеми во безбедноста на различни компоненти на интернетот, се со цел да се намали ризикот за компаниите и на потрошувачите. Ова ќе е единствената задача на хакерите, кои ќе треба да пренесуваат откритија на други програмери за да ги надминат проблемите. Задолжително ќе се известат компаниите за кои ќе се направи соодветен софтвер, а сите откритија потоа ќе се објавуваат во јавен регистар. Тоа ќе се случи откако проблемот ќе е отстранет.

„Треба да може да ја користите на мрежата без страв дека криминалец или некоја влада ги користи „дупките“ во безбедноста за да го заразат вашиот компјутер, да ги крадат вашите тајни или да ги следат вашите комуникации“, пишува Крис Еванс, еден од раководителите на проектот на официјалниот блог на „Google“.

Според „Google“ овој проект ќе ги мотивира и самите компании да се поодговорни кон софтверот. Во регистарот ќе се гледа и колку време им било потребно на фирмите за да го корегираат својот софтвер.

„Ние им ветуваме дека ќе ги известуваме за отворените грешки речиси во реално време и ќе им помагаме да ги корегираат во разумно време“, изјави Еванс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП