3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiOS 7 нa 90% од iPhone и iPad уредите

iOS 7 нa 90% од iPhone и iPad уредите

ios 7n oo

Откако неодамна „Google“ ги објави податоците за застапеноста на поединечни верзии на „Android“ меѓу корисниците, истото сега со својот „iOS“ го стори и „Apple“.

Според нивните нови резултати, најновата „iOS 7“ се наоѓа на преку 90% од „iPhone“ и „iPad“ уредите. Тоа значи дека од претходната објава во мај, бројот на корисници на најновиот „iOS“ порасна за 2%, додека бројот на корисници на „iOS 6“ системот падна од 10% нa 9%.

Според „Apple“ 2% од корисниците се уште користат некои од постарите верзии на „iOS“ (што сето тоа заедно чини 101 процент?).

За споредба, најновата верзија на „Android“, „KitKat 4.4“ се наоѓа на 17,8% од уредите, додека најпопуларна верзија и натаму е „Android 4.x Jelly Bean“, која се наоѓа на 56,5% од уредите.

До крајот на оваа година ќе пристигнат нови верзии и на двата споменати оперативни системи, а станува збор за „iOS 8 I“ и „Android L“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП