20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од новиот Smart

Први фотографии од новиот Smart

for two

На интернет се појавија првите фотографии од новата генерација на моделите „Smart ForTwo“ и „Smart ForFour“, пред официјалната презентација која е закажана за среда навечер.

Третата генерација на „Smart ForTwo“ ја задржа препознатливата надворешност која ги одликуваше претходните верзии на овој автомобил, а стилските елементи на предниот дел се превземени од бројните концептни возила кои овој производител ги претстави во изминатите години.

for two1

Хаубата е продолжена и е помалку стрмна од претходно, додека фаровите и маската на ладилникот се нешто поголеми во однос на претходните модели.

Стоп светлата се обединети во единствена целина, а „Smart“ ја задржа и типичната двобојна шема на надворешноста.

for two2

Внатрешноста изгледа помодерно, а моделите се богати со опрема и ќе имаат голем екран за мултимедијалниот систем на врвот на конзолата.

Вентилациските отвори се со кружна форма и се поиспакнати во однос на командната табла на автомобилот.

for two3

„Smart ForFour“ концепциски се разликува од претходната верзија на овој модел и практично претставува продолжена верзија на „Smart ForTwo“, со кој го дели надворешниот дизајн.

Има 4 врати и место за исто толку патници, а задните седишта се одвоени со централен пулт на кој се наоѓаат држачи за шишиња.

for two4

„Smart ForFour“ ја дели платформата со третата генерација на моделот „Renault Twingo“ и ќе се произведува во истата фабрика во Ново Место, Словенија.

Повеќе фотографии и технички детали ќе следуваат по официјалната презентација на новиот „Smart“.

for two5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП