5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОEрата на Ван Гал започнува од денес!

Eрата на Ван Гал започнува од денес!

luis manutd

Луис ван Гал од денес ќе започне да работи како менаџер на Манчестер Јунајтед, откако пред само пет дена Холандија ја донесе до бронзениот медал на Светското првенство во Бразил.

Холандскиот стратег не сакаше да одмори по сериозните напори што ги имаше за време на Мундијалот и од денес ќе се зафати со новиот предизвик.

Веднаш ќе влезат и новите строги правила на Ван Гал, па од играчите веќе ќе се бара да се хранат заедно по тренингот.

Во меѓувреме, медиумите во Велика Британија и во Италија се на различно мислење за наводниот трансфер на Артуро Видал во Јунајтед. Според изданијата на Островот халфот на Јувентус нема да премине на „Олд Трафорд“, додека повеќето новинари во Италија очекуваат чилеанскиот репрезентативец да ги смени клупските бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП