29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШест милионитиот Audi автомобил со quattro погон

Шест милионитиот Audi автомобил со quattro погон

Sechsmillionster Audi mit quattro-Antrieb

Јубилеен Audi автомобил: Шест милионитиот  Audi автомобил со quattro погон излезе од производната лента на фабриката во Инголштад – пред само 18 месеци беа произведени пет милиони Audi автомобили со quattro погон.

Audi ќе го произведе јубилејот автомобил SQ5 со 3.0 TDI мотор и секако quattro погон во сива металик боја. Производството на овој модел го одбележува новиот рекорд и  глобалниот успех на Audi quattro – погонот на сите четири тркала.

Првиот Quattro автомобил од Audi со постојан погон на сите тркала беше произведен во далечната 1980 година, оваа врвна технологија до денес крстосува на сите светски патишта. Со околу 170 quattro верзии, брендот со четири прстени е лидер меѓу производителите на премиум автомобили и нуди најголем избор на возила со quattro погон на сите тркала.

„Динамиката и спортскиот дух, како и најголема техничка прецизност и безбедност е она за што се залага Audi  со својата Quattro технологијата. Повеќе од 30 години, брендот е лидер во технологијата која овозможува погон на сите четири тркала. Денес Quattro е синоним со технички напредок“, изјави д-р Хуберт Валтл, член на одборот на директори за производство во AUDI AG и додаде:

Sechsmillionster Audi mit quattro-Antrieb

„Исто како што во февруари 2013 година, Audi го прослави својот пет милионити автомобил со постојан погон на сите тркала, брендот многу брзо прославува уште еден голем рекорд –  шест милиони Quattro автомобили. Веќе 30 години, успехот на quattro  е мотивација за производствениот тим, кој доследно и ефикасно го имплементира системот на Audi“.

„Експертизата на нашите колеги, кога станува збор за погонот на сите четири тркала, е импресивна; со тоа се докажува нашиот слоган „Напредок низ техника” и е значаен придонес кон имиџот на брендот“, изјави Петар Мош, претседател на одборот за општи работи во Audi и додаде:

„Без нашиот квалификуван и флексибилен тим, овој рекорд немаше да биде можен за толку кратко време.“

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП