вторник, 27 септември 2022
ПочетнаАВТОБИЗNissan и официјално го укинува Murano CrossCabrio

Nissan и официјално го укинува Murano CrossCabrio

murano cabrio

Кабриолет верзијата на кросоверот „Nissan Murano“ официјално е претставена на саемот за автомобили во Лос Анџелес во ноември 2010-та година, но никогаш не успеа да привлече голем број на купувачи.

murano cabrio1

Изминативе месеци се пренесуваат вести дека овој модел наскоро ќе исчезне од понудата на „Nissan“, а тоа и официјално е потврдено од самата фабрика со најава дека „Murano CrossCabrio“ ќе биде укинат по моделската година 2014-та.

murano cabrio2

„Murano CrossCabrio“ инаку има класичен платнен покрив, погон на сите четири тркала и место за четири возрасни луѓе. Овој автомобил на американскиот пазар чини 41.995 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП