Буџетскиот смартфон на „Nokiа“, моделот „Lumia 520“ досега регистрираше преку 12 милиони активации, а „Microsoft“ ја објави оваа импресивна бројка денеска на „WPC“ манифестацијата.
Во овој број на активни „Lumia 520“ уреди, вклучен е и моделот „Nokia Lumia 521“, што всушност е само верзија на овој уред за американскиот оператор „T-Mobile“.
Успехот на овој смартфон не би требало никого да изненади, затоа што кон крајот на минатата година, „Lumia 520“ беше одговорен за 30 проценти од сите „Windows Phone“ уреди на пазарот.
Меѓутоа, ова е прв пат да слушнеме и официјални бројки за тоа колку пати некој „Lumia“ уред бил активиран.