2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметниот часовник Ritot ја трансформира вашата рака во екран (видео)

Паметниот часовник Ritot ја трансформира вашата рака во екран (видео)

ritot1

„Ritot“ e интересен паметен часовник, кој во однос на функционалноста не се разликува од другите слични уреди.

Тој го покажува времето, „ID“ на повикувачите, текстуални пораки, промени на друштвените мрежи, потсетници, временските прилики и друго.

Меѓутоа, „Ritot“ има еден специфичен трик со кој се одвојува од другите, а тоа е што сите информации се проектираат на раката, поточно на горната страна на дланката.

„Ritot“ е достапен во два модели – „Sport“ и „Bracelet“, a производителот тврди дека нараквицата е потполно сигурна за здравјето. Овој паметен часовник користи пико проектор кој нуди квалитетна графика и осветлување за целите на проекцијата.

Во пакетот е вклучена и специјална база за полнење на уредот, а која служи и како аларм. „Ritot“ нуди до 150 часа работа за користење на проекцијата, односно околу еден месец во „stand-by“.

Присутно е само едно копче кое е чувствително на допир, а со негово притискање се активира проекцијата од 10 секунди.

„Ritot“ работи со „iOS“, „Android“ и „Windows Phone“ оперативните системи, а ќе се продава по цена од 120 долари. Глобалната испорака ќе започне од февруари 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП