28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Twingo III (фото)

Renault Twingo III (фото)

tw 11

„Renault“ го претстави новиот „Twingo“ на улиците на неколку европски метрополи пред стартот на продажбата на овој модел. На тој начин францускиот производител сакаше да покаже како малиот градски автомобил се вклопува во урбаната средина.

„Renault“ во мај официјално го стартуваше производството на третата генерација на моделот „Twingo“ во Ново Место.

Возилото во септември ќе пристигне во продажните салони во Европа, а компанијата не ги сокрива амбициите дека сака да го повтори успехот на првата генерација на ова возило.

tw 22

Но, тоа нималку нема да биде лесна задача. Конкуренцијата во сегментот на мали градски автомобили е многу голема.

Покрај „Volkswagen Up!“, „Opel Adam“, „FIAT Panda“, тука е и триото „Peugeot 108“, „Citroen C1“ и „Toyota Aygo“, кои исто така неодамна имаа премиера на европскиот пазар.

Во однос на претходниците, новиот „Twingo“ има многу новитети.

tw 33

Наместо 3, автомобилот сега има 5 врати, а моторот и погонот се пренесени од предната на задната осовина.

„Twingo III“ ја дели платформата со новиот „Smart ForFour“, кој наскоро ќе има премиера и исто така ќе се изработува во фабриката во Словенија.

„Renault“ скоро и да не ја промени должината и ширината на автомобилот, но со поместување на тркалата на самите краеви на возилото зголемено е меѓуосовинското растојание за дури 13 cm, а така успеаа да добија повеќе простор за сместување на патниците. Со навалување на седиштата во кабината може да се пренесуваат и предмети со должина од 2,2 m.

tw 44

Производителот претходно соопшти дека „Twingo“ во почетокот ќе биде достапен со две погонски единици. Тука најпрво е познатиот трицилиндарски 0.9 литарски со турбо полнење „TСe“ мотор со 90 ks (66 kW) и 135 Nm максимален вртежен момент.

Покрај тоа во понудата ќе биде и новиот атмосферски 1.0 литарски бензинец со ознаката „SCe 70“. Овој мотор произведува 70 ks (51 kW) и 91 Nm. И двата мотори се поврзани со петбрзински мануелни менувачи.

Дали мислите дека „Twingo III“ може да ја достигне славата на првата генерација и какви се вашите впечатоци за овој автомобил?

tw 55

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП