2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекорд: Јунајтед ќе добие 750 милиони фунти од спонзорот

Рекорд: Јунајтед ќе добие 750 милиони фунти од спонзорот

Manchester-United-Adidas

Германскиот производител „Адидас“ потпиша 10-годишен договор со Манчестер Јунајтед за испорака на опрема со вкупна вредност од 750 милиони фунти (1,2 милијарди долари).

„Црвените ѓаволи“ за последен пат ќе ги носат дресовите на конкурентот „Најк“ во оваа сезона. Американскиот производител плаќал по 23.5 милиони фунти годишно, додека според новиот договор, клубот од „Олд Трафорд“ ќе добива тројно повеќе – 75 милиони фунти.

Во моментов рекордот го држи европскиот шампион Реал Мадрид, кој добива по 31 милион фунти по сезона од „Адидас“.

„Адидас“ ќе испорачува формална и облека за вежбање за сите тимови на Манчестер Јунајтед. Како додаток германската компанија ќе има ексклузивни права да ги шири своите производи со брендот на Јунајтед низ целиот свет.

Сумата е само за 40 милиони фунти помалку отколку што семејството Глејзер плати за купување на клубот во 2005-та година.

Извршниот директор на Адидас, Херберт Хајнер рече дека договорот ќе им помогне за зајакнување на позициите на клучните пазари.

„Очекуваме продажба од вкупно 1,5 милијарди фунти за време на партнерството“, рече тој.

„Адидас“ му нанесе уште еден удар по својот главен конкурент во производството на спортски стока и на Светското првенство, каде два „нејзини“ тимови се сретнаа во финалето, а долгогодишниот партнер Германија го крена пехарот.

Меѓу главните клупски клиенти се минатогодишниот европски шампион Баерн, англискиот Челзи, италијанскиот Милан, бразилскиот Фламенго, а од сезоната 2015/2016 година и екипата на Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП